Во посета на Витаминка


Преземено од vitaminka.com.mk

Ученици од трета година, профил – Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“.
Заменик директорот на Контролно-развојната лабораторија Олга Ристеска, ги запозна учениците со работата на лабораторијата и мерните инструменти. Учениците имаа можност да видат неколку испитувања за квалитетот на некои полупроизводи што редовно се испитуваат во лабораторијата. Ваквиот начин на контрола на полупроизводите и амбалажата за производите е многу важен за добивање на константно добар квалитет и изглед на производот.
Управникот на работната единица Чоколада, Силва Цветаноска, пак, ги запозна средношколците со начинот на подготовка и производство на чоколадата.
Идните фармацевти се почестија и со од производите на „Витаминка“, заклучувајќи дека квалитетот на нашите производи е секогаш на високо ниво.
 farmacevti1
farmacevti3
farmacevti2

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.