На ден 20.11.2015 год. учениците од четврта година, од образовниот профил фармацевтско- лабораториски техничар од СОУ” Ѓорче Петров “– Прилеп, под раководство на стручните наставници Венера Николова Мишачковска, Наташа Најдоска и Митко Талески, извршија посета на фабриката за лекови АЛКАЛОИД во Скопје.
Имено, целта на посетата беше учениците да може да се запознаат со тоа што го учат на теоретската настава, односно со начинот на производство на лековите, машините за изработка на цврсти фармацевтски дозирани форми, начинот на пакување на лековите, GMP нормите и др.
Со оваа посета учениците се стекнаа со позитивни искуства од областа на фармацијата.