Недела на детето


Посета од најмладите на нашето училиште.

По повод „Неделата на детето“, во СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп, на задоволство на сите, имавме посета на дечиња од градинката „Гоце Делчев“-Прилеп

Нивната замисла беше да заедно со своите воспитувачки и мајки,чии вредни раце учествувале во подготвувањето домашни колачи, пецива и други производи, ги понудат на нашите вработени.

Целта е со средствата собрани како доброволен прилог, да подобрат дел од условите во нивната установа.

Нашите вработени се согласни дека настаните од ваков карактер се секогаш добредојдени и ние секогаш ќе ги подржуваме и истакнаа дека креативноста и иновативноста на учениците влијаат позитивно во правилниот раст и развиток на децата.

Изразот на задоволство на најмладите беше само потврда за успешноста на денешниот настан.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>