Младинска организација


На 29.09.2016г., училишниот тим кој работи во рамките на проектот „Правата на детето“, во соработка со НВО СЕГА избра Дете – правобранител, а тоа е Тамара Тодороска од 3-2кл., како и Заменик Дете – правобранител, Ева Димеска од 2-1кл. Изборот следеше после објавата за конкурсот, истакната во просториите на училиштето и апликациите на повеќе ученици.

На 06.10.2016г. во библиотеката на училиштето се одржа изборно собрание на Младинската организација на СОУ„Ѓорче Петров“. Учествуваа претседателите на класовите или нивните заменици. Најпрво, беа избрани претседатели – претставници на генерациите и тоа: за прва година Фросина Бошевска од 1-4кл., за втора година Михаил Алексоски од 2-1кл., Ева Андоноска од 3-1кл. За трета година и Андреј Ристески од 4-7кл. за четврта година. Потоа следуваше избор на Претседател на Младинската организација. Членовите едногласно ја избраа Ева Андоноска од 3-1кл. Заменик е Миљаим Османоски од 3-7кл., а како советник на Претседателот – Андреј Ристески. Во Советот на Младинската организација, по автоматизам учествува и Детето – правобранител.

И овој настан се одржа со поддршка на училишниот тим проектот и претставник на НВО СЕГА.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>