Во периодот од 07 до 14.04.2018 година СОУ Ѓорче Петров беше домаќин на гости од Германија, Турција, Шпанија и Италија како дел од проектот “Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината” .
Проектот е финансиран од страна на Европската Комисија преку Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност и е во делот стратешки партнерства во полето на училишно образование – Размена на искуства и добри практики
Темата на проектот е запознавање со културното наследство на земјите учеснички преку нивната историја, култура, храна, јазик и традиции, но истовремено и да се открие врската помеѓу различните култури во состав на Европската Унија, да се направи споредба помеѓу нив и да се пронајдат разликите и сличностите што не збогатуваат но истовремено и обединуваат.
Гостие беа пречекани на традиционален начин, со погача и сол, во наша носија. За време на посетата тие имаа можат да се запознаат со нашето училиште и да посетат дел од практичната настава која се изведува, да се сретнат и разменат искуства со наставниот персонал. Беа одржани работилници на тема културно наследство, јазик, мигранти, беше прикажано тоа што беше изработено од страна на учениците (презентации, постери, краток филм кои треба да пренесат некаква порака). Тие имаа можност да пробаат наша убаво приготвена храна. На приредбата што нашите ученици заедно со нивните ментори ја припремија, беше покажана наша традиционална носија и танц.
Исто така, гостите го разгледаа и нашиот град при што ги запознавме со знаменитостите и поважните обележја на нашиот град, го видоа институтот за тутун, участакот, галеријата со икони и археолошкиот музеј. Беа примени и од претставници на локалната самоуправа. Но исто така имаа можност и да го разгледаат Охрид градот кој изобилува со културно-историски споменици.