Со Еразмус + во Германија


Во периодот од 27 јануари до 2 февруари, во градот Лунен, Германија, се реализираше последната мобилност со ученици во рамките на проектот – Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината – проект кој се реализира од 2017 година со поддршка од Европската комисија преку Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност во Македонија.
На средбата учествуваа претставници од сите земји партнери во проектот – Македонија, Германија, Италија, Шпанија и Турција. За време на средбата се одржаа повеќе работилници, презентации, изложба. Според предвидените активности, имаше конкурс за пишување на есеј на 2 различни теми. Ученичката Ева Димеска од нашето училиште освои прва награда и за двата есеи. Исто така, сите учесници имаа можност да покажат свои традиционални танци на приредбата која се одржа на последниот ден и за која нашите домаќини се погрижија уште еднаш да ја покажат својата гостопримливост и љубезност.
Покрај работните задачи, нашите домаќини се потрудија да ни претстават и дел од својата култура, храна но и културно-историски знаменитости во градовите Лунен, Дортмунд, Мунстер и Келн. Топло добредојде на сите учесници им посака и заменикот – градоначалник на градот Лунен.
Од средбата си заминавме исполнети со многу позитивни емоции и секако впечатоци за земјата домаќин но и за луѓето. До завршувањето на проектот ни претстои уште еден транснационален состанок во Мадрид, Шпанија.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *