Erasmus + Entrepreneur & Volunteer Citizens


Проект – Граѓани претприемачи и волонтери

Во периодот о д 11.12.2017 – 13.12.2017 во Барселона, Шпанија, се одржа првата транснационална средба меѓу кординаторите и претставниците на партнер училиштата од Македонија, Шпанија, Италија, Полска и Турција.

Представници од нашето училиште беа кординаторот на проектот  Елизабета Милошеска и наставникот Венера Мишачковска.

На оваа средба се одредија датумите кои ќе бидат значајни за натамошните средби меѓу партнер училиштата вклучувајќи ги и учениците.

Кординаторот на училиштето домаќин на средбата не запозна со начините и методите на работа во  нивното училиште, потенцирајќи дека волонтерството е една од позначајните работи кои треба да се разгледаат во иднина, вклучувајќи ги и малите и средни претпријатија.

Исто така имавме можност да се запознаеме и со нивната култура и традиција, посетувајќи го нивниот град како и позначајните знаменитости.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.