EMPLOVET


ЕМПЛОВЕТ – Вештини за вработување и работно место за ученици во стручно образование е проект кој е финнсиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на клучна акција 2 – стратешки партнерства во стручно образование.

Во проектот се вклучени партнери од  7европски земји (Mакедонија, Романија, Англија, Германија, Турција, Белгија, Шпанија), цел е да креираат вредни и иновативни ресурси за учење со цел да се зголеми важноста настручното образование според потребите  на пазарот како и да се поттикне решавање на проблемот на невработеноста на младите.

 

Цели на проектот се:

Да се оспособи голем број на ученици во средно образование со вештини за вработување, претприемништво и започнување на работа, во период од 5 години.

Да се развијат иновативни и прилагодени на потребите на пазарот материјали за учење и подучување.

Да се обучат наставниците/обучувачите во стручно образование да ги користат креираните ресурси.

Да се олесни контактот помеѓу расположливата квалификувана работна сила и работодавачите.

Да се поттикне транснационална соработка помеѓу провајдерите на стручно образование и  потенцијалните работодавачи.

Да се зголеми  прегледноста за стрчноста на завршените ученици на пазарот на трудот со тоа што тие ќе имаат стекнато лични вештини.

Да се зголеми пристапот кон информации и квалитетно образование за учениците со намалени можниости или различно социјално потекло.

 

Во периодот  од 21 до 22 јануари 2016 се одржа првата транснационална средба во Брисел, Белгија каде беше претставен проектот  “ЕМПЛОВЕТ”, а воедно беа договорени и наредните чекори.

Во периодот од 23-24 Јуни 2016 беше одржана втората транснационална средба во Билбао, Шпанија, каде беше презентирана содржината на првата верзија на е-модулите.

14138281_1255502944493982_897241104_n

14114091_1255503034493973_1893634485_o

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.