Конкурс за пракса во Португалија


Известување

По добиениот грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп ги известува учениците дека ќе следат конкурси за аплицирање од струките: Здравствена и лични услуги.

Учениците од струката лични услуги со профилите Козметички техничар и Фризер, ќе имаат можност да конкурираат за проект кој ќе се реализира во Португалија во првото полугодna2ие од учебната 2016/17,каде ќе престојуваат во градот Брага 18 дена и практично ќе ги усовршуваат вештините од избраната струка. Ќе бидат избрани вкупно 19 ученици.

Учениците од Здравствената струка со профилите Медицинска сестра и Физиотерапевтски техничар, ќе имаат можност да конкурираат за проект кој ќе се реализира во Шпанија во второто полугодие од учебната 2016/17,каде ќе престојуваат во градот Мадрид 18 дена и практично ќе ги усовршуваат вештините од избраната струка. Ќе бидат избрани вкупно 19 ученици.

Документи за апликација:

1. Конкурс

2. Апликација

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *