Еразмус+ проект – Blending theory and practice


Од страна на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, за нашето училиште, СОУ„Ѓорче Петров“ одобрен е проект од КА102- стручно образование и обука.
Проектот “Blending theory and practice” осмислен е да се реализира преку две мобилности за ученици и четири обуки за професори
Првата мобилност ќе опфаќа стручен престој и практична работа на 11 (единаесет) ученици од текстилно-кожарската струка и 11 (единаесет) ученици – фармацевтски лабораториски техничари во Португалија.
Втората мобилност ќе ја реализираат ученици од струката лични услуги со практична работа во Италија.
Во текот на мобилностите учениците ќе бидат придружувани од наставници-ментори.
Обуките за професорите ќе се реализираат во Словенија, Турција, Португалија и Италија.
Термините за пријавување за учество во проектот ,,Blending theory and practice‘‘ и критериумите за избор ќе бидат истакнати на огласната табла во училиштето и на официјалната училишна веб страна.
Координатор на овој проект е професорката Билјана Рошкоска.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>