Првиот дел од проектот „School Mirror“ реализиран во Охрид


Имаме прекрасни ученици кои можат во секоја прилика достојно да го претставуваат нашето училиште СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ Меѓу нив се и Елена, Давор, Ивана, Џулијано, Викторија, Марија- учесници во проектот ,,School mirror”.
,,School mirror” e проект поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO и започна да се реализира со караванот на пријателство кој тргна од Сараево, помина во Крагуевац, Прилеп, а заврши со тридневниот камп во Охрид.
Учениците и професорите од IV гиманзија од Илиџа, Сараево, од Политехничкото училиште од Крагуевац, нашето, СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ и училиштата од Корча и Скадар низ неколкудневното дружење, делењето на колачи карактеристични за сите земји вклучени во проектот и низ работилниците, научија повеќе за традициите, обичаите, начинот на живот во различните држави од Западен Балкан.
Новите сознанија им помогнаа на младите луѓе да разберат дека како жители на овој регион имаат големи меѓусебни сличности, да ги разбијат предрасудите кои можеби ги имале едни за други и да заклучат дека подобриот регион започнува токму со нивната младост и ентузијазам.
Проектот беше координиран од професорката во Политехничкото училиште од Крагуевац, Горица Пантелиќ.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>