На 21.03.2015 година се одржа 5тиот по ред Општински натпревар во спелување во нашето средно општинско училиште Ѓорче Петров, кој е во организација на Мировениот Корпус. Ова е натпревар во кој учениците имаат задача точно да спелуваат 10 зборови на англиски јазик, што претставува интересен начин на изучување на вокабулар од англискиот јазик.
“Овој натпревар веќе им е познат на учениците и тие редовно учествуваат во него последните четири години, и секоја година имаме претставници на Регионалниот и на Државниот натпревар кој се одвива во Скопје во Американскиот Колеџ.
Право на учество имаат ученици од основните и од средните училишта и тоа-
Од основните училишта од 5 одделение па се до 9то одделение а од средните училишта имаат право на учество сите ученици од прва до четврта година.Оваа година имавме вкупно 184 учесници од кои 50 продолжуваат на Регионалниот натпревар во Битола.
Целта на натпреварот ,освен учење нови зборови од Англискиот јазик и нивно правилно пишување,е стекнување едно ново интересно искуство и дружење со нови пријатели како на Општинско така и на Државно ниво.Бидејќи ова е Манифестација што се организира целосно на доброволна база,во неа учествуваа и волонтерите од Мировниот Корпус.Се надевам дека желбата за изучување на странскиот јазик сите ученци ќе ги однесе до посакуваната цел.”-рече професорката по Англиски јазик Емилија Ѓорѓиева Велкоски