Upgrading Professional Skills – Mobility in Italy


ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТ

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВЕШТИНИ

(UPGRADING PROFESSIONAL SKILLS)

Во согласност со предвидените активности кои се дел од проектот “Upgrading Professional Skills” финансиран од страна на Програмата Ерезмус+ на Европската Унија, Директорката на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп го објавува овој Повик за поднесување апликации за учество на заинтересирани ученици во мобилност во Италија. Учениците кои можат да аплицираат треба да бидат најмалку втора година од Медицинска струка. Во рамки на овој повик можат да аплицираат и лица кои тукушто дипломирале (завршиле четврта година во текот на учебната 2020/21г).

Исто така учениците кои ќе бидат заинтересирани за учество  во овај повик треба да бидат вакцинирани,како  и професорите(2 двајца) кои ќе бидат придружни лица со учениците.

Избраните ученици ќе имаат мобилност за практична работа со вкупно времетраење од 21 ден во Регионалниот медицински центар во Кампобасо, Италија.

Заинтересираните лица треба да го пополнат online формуларот кој е достапен на Интернет како и на Facebook страните на училиштето. Рокот за пополнување на овој формулар е 03.08.2021 год. На крајот од процесот на селекција ќе бидат избрани 13 (тринаесет) учесници а критериумите за избор ќе бидат следниве:

  • Соодветна мотивација (35 бода)
  • Успех од оценки (20 бода)
  • Училишни и други награди (10 бода)
  • Економско/социјални приоритети (15 бода)
  • Лична презентација за време на интервју (20 бода)

Праксата во Италија ќе биде спроведена во текот на септември 2021. Конкретни датуми ќе бидат дефинирани дополнително, во согласност со можностите за патување.

За дополнителни информации можете да се обратите кај проектниот координатор Проф. Билјана Тошеска на roskoskabiba@gmail.com.

Пополнете го фолрмуларот овде!

_______________________

Петра Лукареска

Директорка

СОУ Ѓорче Петров

Прилеп 23 .06.2021

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.