Уписи за II, III, и IV година


Уписот за втора, трета и четврта година во учебната 2020/2021 ќе се врши исклучително по електронски пат со пополнување на електронска пријава од страна на учениците.

Учениците треба да ја симнат пријавата, да ја пополнат електронски во Acrobat Reader или во Chrome, да ја зачуваат со свое име и презиме и да ја испратат на e-mail адресата на нивниот класен раководител најдоцна до 31.08.2020.

За да се заштитат учениците од гужвите пред банките, не треба сега да уплаќаат по 100 денари за осигурување. Сите ученици ќе бидат автоматски осигурени но се обврзуваат уплатата да ја извршат откако ќе започне наставата со физичко присуство во училиште.

Доколку ученикот не сака да биде осигурен, мора да достави изјава потпишана од родител заедно со пријавата за упис.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.