Прва и втора награда за наши ученички


На Конкурсот што секоја година во ова време, традиционално, го објавува Здружението на литературни творци од Прилеп, СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп доби две наградени ученички.

Имено, во категоријата  Проза, за ученици од средно образоване, нашата ученичка Ивана Настеска од 2-1кл., под менторство на проф. Билјана Тинтоска, ја освои Првата награда.

Во категоријатата Поезија, за ученици од средно образование, Втората награда ја освои ученичката од 3-3кл. Елена Андоноска, под менторство на проф. Лидија Ристеска.

На наградените ученички им честитаме и им посакуваме уште многу успеси .Нашите ученици ги поттикнуваме поинтензивно да се занимаваат со уметноста и да работат на збогатување на својата духовна ризница.

 

Текстот го подготви: проф. Билјана Тинтоска

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>