На ден 10.11.2015 год, во Народната канцеларија на Претседателот на државата г-дин Ѓорѓе Иванов во Скопје беше одбележан ,,СВЕТСКИОТ ДЕН НА НАУКАТА’’ под организација на Сојузот на здруженијата на техничка култура на Младите техничари и природници од Република Македонија.
На овај настан беа поканети ученикот Дино Јорданоски и неговиот ментор Елизбета Мицкоска – професор по хемија од СОУ„Ѓорче Петров“ . Ученикот Дино Јорданоски на Државниот натпревар – народна техника освои трето мето во подрачјето Еколошка хемија на тема „Еколошко лизгалиште – биопластика“ во 2013/2014 год.и прво место во подрачјето Биохемија со темата„ Фактори кои влијаат на ензимите“ во 2014/15 која ја презентираше пред Претседателот на Р.Македонија г-дин Д-р Ѓорѓе Иванов.