На ден 17.03.2017г., Драмската секција на нашето училиште, во големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков“, се претстави со настап на хуманитарен настан.
Нa покана нa наши ученички, Марија Миноска и Тијана Манџикоска -волонтери во Црвен крст Прилеп, пред најмладата публика, ученици од основните училишта „Кочо Рацин“ и „Гоце Делчев“, се претставивме со хумористичната, но и поучна претстава ,,Лудакуќа”.
Им благодариме на учениците и нивните наставници за вниманието со кое што не проследија. Посебно доживување за нас беше детската, искрена смеа, аплаузите и восхитот на нашите мали ученичиња. И ним им посакуваме еден ден дa бидат дел од нашето несекојдневно задоволство.