Unification in diversity кај нас!


Во периодот од 23 до 28.10.2022 година, СОУ,,Ѓорче Петров” од Прилеп беше домаќин на гости, ученици и професори од Полска, Италија, Португалија, Турција и Романија. Станува збор за активности од проект од програмата Еразмус + ,,Unification in diversity”, чија основна цел е здружување во една целина на различните култури, традиции, историско-географски и етнолошките карактеристики преку посети и работилници на различните земји-партнери. Гостите беа пречекани со традиционалниот македонски обичај: погача и сол.

Првиот ден тие се восхитуваа на нашиот Охрид , посетувајќи значајни културно-историски места и споменици. Посебно доживување беше пловењето со кајчиња, а оригиналнен настан за нив беше работилницата во продавницата за накит од светски познатиот охридски бисер, кога некои од гостите можеа лично да искусат како топчињата бисер, стануваат накит.

Вториот ден се одржа поздравен состанок, а во текот на етно работилницата беа презентирани народни носии и предмети кои претходните генерации ги изработувале, користеле и ни ги оставиле како културен аманет. Во овој дел од активностите, учениците насликаа прекрасни мотиви од македонски народни носии.

Посета на прилепските музеи беше предвидена и реализирана во текот на третиот ден од престојот. Гостите беа воодушевени од она што го видоа и научија за нашиот град, откривајќи ги спомениците низ него. Вечерта беше наменета за вкусување на различни традиционални јадења. Националната храна е обележје на секоја земја.

Готвачот за национални јадења низ презентација беше претставен во четвртокот , кога нашите гости можеа и да пробаат дел од подготвените национални јадења. Спортот обединува. Со презентација и практикување на некои национални спортски активности помина дел од четвртиот ден од престојот во Прилеп.

Крајот на споделувањето на искуства и дружењето заврши со посета на локалната самоуправа и прием од градоначалникот Борче Јовчески, кој на учесниците им додели пригодни подароци и заслужени сертфикати. Остатокот од овој ден нашите пријатели го поминаа во Скопје, разгледувајќи дел од неговите знаменитости.

Нашите партнери заминаа за своите татковини збогатени со спомени, нови искуства, нови пријателства, знаења…

Координатор на овој проект е професорката Билјана Тошеска

🔴

Еден од значајните ресурси за збогатување, културолошко, јазично, со животни вештини и вредности во СОУ,, Ѓорче Петров” е приликата наши ученици, а и наставници да учествуваат во меѓународни проекти што ги нуди програмата Еразмус+, а се реализираат со помош на Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност.

👉

,,Unification in diversity ” е само една алка од низата наши реализирани проекти од големо значење за промоција на училиштето, градот и нашата држава.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.