Учениците од текстилно-кожарската струка во конфекцијата ,,Кули‘‘


Облеката е естетски и функционален елемент од човековото живеење. Да се создаде квалитетна, привлечна, пријатна и во тек со модните текови облека е тенденција на претпријатијата од конфекциската индустрија кои сакаат да бидат конкурентни на пазарот. За да се дојде до  едно модно парче, материјалот треба да помине низ многу фази и низ различни машини, воден од стручноста на работниците.
Учениците од текстилно-кожарската струка при СОУ,, Ѓорче Петров‘‘, идни конфекционери, креатори, дизајнери и технолози, благодарение на секогаш љубезниот прием на вработените од конфекцијата ,,Кули‘‘ од почетокот на оваа учебна 2016/2017  година остварија две работни и едукативни посети таму.
Целта на овој  вид на активности  е да се следи индустриската процедура во која од материјал се доаѓа до готов производ. На ваков начин  машините и постапките кои се учат на теоретските часови им стануваат видливи, поблиски и појасни на учениците. При овие посети тие можеа  да видат и да научат како функционира кроењето со вертикален нож и со бонсек, како и зошто се врши нумерирањето и означувањето на искроените делови кои потоа се составуваат  на обичните машини, потоа како се користат специјалните машини и автомати и под кои услови и на кој начин се остварува термофиксирањето на меѓупоставата на основниот материјал. Пеглањето и завршната контрола се неизбежни пред производот да појде во магацинот за готови производи, а оттаму во продажната мрежа.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.