Тимот на безбедни училишта


“Првото нешто кое треба да го научи детето,со цел активно дисциплинирање е разликата помеѓу доброто и злото, а  задачата на едукаторот лежи во подучување на детето да не го замени доброто со неактивност,а злото со активност”.

Здравата  и безбедната средина е императив за здрави и среќни деца.Оттука секој родител,наставник,училиште како и опшеството пошироко се стремат и превземаат активности за да обезбедат услови во кои учениците ќе растат, ќе се развиваат и ќе учат во хармонична и безбедна средина.Во таа насока, мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Министерството за образование и наука и девет општини од земјава меѓу кои и општина Прилеп, спроведе низа активности кои директно ја третираат оваа проблематика и во центарот на своето внимание ги имаат, токму, учениците.SLIKA 2

Актуелноста на темата,барањата на училиштата,како и политиката на постојано јакнење на капацитетите на вработените во образовните институции за да можат поефикасно да се справат со секој предизвик, ја наметнуваат потребата постојано да се работи со учениците,наставниците,родителите и стручните служби во училиштата. Нивната цел е подобрување на работната клима,намалување на секаков вид насилство, како и подобрување на односите меѓу сите субјекти во училиштето.
За  таа цел имавме посета од Тимот за “Безбедни училишта” со коишто се дискутираше за веќе започнатиот проект од страна на нашето училиште СОУ “Ѓорче Петров”  и за веќе започнатата просторија наменета за учениците и наставниците кои работат во ”Тимот за Безбедни училишта” но и како просторија за “Медијација меѓу врсниците”.На посетата беа присутни  Г-динот Резарт Мехмед и Г-динот Ајет Реџепи од  Мисијата на ОБСЕ кои што безрезервно ќе ни помогнат во опремување на просторијата.SLIKA 1 Директорот на училиштето  Дејан Димоски заедно со Тимот за Безбедни Училишта кој брои ученици од сите години,педагошко психолошката служба  и тоа педагогот Снежана Милошеска ,психологот Лидија Жежова Алексоска, Заменик Директорот  Спасе Здравески   и професорката по Англиски јазик Емилија Ѓорѓиева Велкоски  со задоволство и соработка им го презентираа започнатиот проект и им ги споделија идеите за самата просторија при што и двете страни се сретнаа со исто милење и интерес.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.