По повод патрониот празник на СОУ Ѓорче Петров, во петокот на 31.10.2014 во просториите на народниот театар Војдан Чернодрински беше одржана свечена приредба.
Пред присутните официјални гости, родители и ученици директорот на училиштето одржа пригоден говор. Потоа следуваше програмата која беше подготвена од учениците под раководство на нивните ментори.