По повод патрониот празник на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп


По повод патрониот празник на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп (02.10.2017г.),

во салата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп, на 29.09.2017г. беше одржана Свечена академија. Пригодната програма ја подготвија членовите на Драмската секција од нашето училиште, по сценарио на Филип Стојаноски, а под менторство на проф. Билјана Тинтоска. Музичките точки, во кои учествуваа нашите ученици, беа под менторство на проф. Наташа Велеска, а рецитациите под менторство на проф. Жанета Видевска. Техничката обработка и поддршка беше заслуга на професорите Костадин Стојаноски и Сашо Кочоски. Уметничката точка и уредувањето на сцената беше под менторствио на проф. Марта Макеска. Фотографиите ги изработи Андреј Ристески, а камерман беше Анел Рамовиќ.

Посебна благодарност упатуваме до нашиот директор, г-н Дејан Димоски и до сите наши професори, за несебичната поддршка.

Бидејќи сликите кажуваат повеќе од зборовите, Ви предлагаме да ги погледнете. А исто така, повеќе за нашата пригодна програма ќе ви овозможи снимката.

Видеото може да го погледнете тука

Уживајте!

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.