Докомплетирана Училишната младинска организација и Советот на младинската организација


На денешниот Состанок со претседателите и со нивните заменици на класовите во нашето училиште, беше докомплетирана Училишната младинска организација и Советот на младинската организација. Целата процедура се врши според потпишаниот меморандум за соработка со НВО ИНФО СЕГА, чиј Прирачник е внесен во Годишната програма на училиштето. Според тоа, Претседателот Ева Андоноска и Заменик претседателот Миљаим Османоски имаат мандат уште оваа година, бидејќи беа избрани на две години. А денес се бираа претставниците на генерациите и нивните заменици. Претставник на генерацијата на IV година е Хари Тасески од 4-3кл. Заменик е Фросина Сваќароска од 4-2кл. Претставник за III година е Михаил Алексоски од 3-1кл. А заменик е Тијана Манџикоска од 3-2кл. II година ќе ја претставува Фросина Кузманоска од 2-3кл, а заменик е Ивана Настеска од 2-1кл, а за I година – Ивана Стеваноска од 1-4кл. И заменикот Димитар Ристески од 1-2кл. Сите заедно и Детето – правобранител, го сочинуваат Советот на младинската организација.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>