Хуманитарна забава за „Порака“


На ден 13.11.2016г. во Арт-кафе,со почеток во 21 часот,СОУ„Ѓорче Петров“ беше домаќин на хуманитарна забава, организирана од телото Дете – Правобранител и Училишната младинска организација. Забавата се одржа во чест на лицата со посебни потреби. Собраните средства беа донирани во „Порака“-Прилеп (Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост).Спонзори на настанот беа: цвеќара „Протеа“ , којашто донира 15 балони, фото „Зрак“ го изработи постерот, фотокопирницата „Дано“ испечати 200 влезници, асопствениците на кафулето го отстапија просторот. Срдечно им се заблагодаруваме на сите за нивната поддршка во нашата хумана активност. Се надеваме дека и во иднина ќе има многу вакви хуманитарни настани.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>