Еразмус+ проект во Измир, Турција (17 до 21 Октомври)


Во периодот од 17 до 21 Октомври, 2022 година во Измир, Турција се одржа третата мобилност од Еразмус+ проектот „Провери го изворот пред да споделиш нешто“. Проектот е финансиран од страна на Европската комисија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Партнери во проектот покрај нашето училиште се училишта од Киети од Италија; Кавала од Грција; Сату Маре од Романија и Измир од Турција.

За време на средбата се одржаа повеќе работилници, презентации и дебати поврзани со темата на проектот за оваа средба – Навики за користење на медиумите кај младите луѓе и можни последици што тие може да ги предизвикаат.

Истовремено, имавме можност да се запознаеме со дел од културно историските знаменитости и обичаи на земјата домаќин.

Координатор на проектот е Елизабета Милошеска