Драмската секција со тековни активности


ИЗБРАН НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА НА СОУ„ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ ПРИЛЕП

На 06.11.2020г. на онлајн состанок, младите глумци на Драмската секција „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, под менторство на проф. Билјана Тинтоска и Филип Стојаноски – почесен член и координатор, ја избра Теона Крстеска за нов претседател.

Имено, по завршувањето на мандатот на претходната претседателка, Ивана Настеска, која го продолжи своето школување на студии, членовите на секцијата едногласно ја избраа Теона Крстеска од 3-8 кл. со мандат од две години. Според правилата на Драмската секција, и оваа година Леонид Момироски ќе ја извршува функцијата потпретседател.

Теона доаѓа на позицијата „прва меѓу еднаквите“, во едно специфично време кога сите заедно се бориме со тежок предизвик. Ѝ посакуваме успешна работа и креативност – да се победат препреките, да победи младоста и радоста, бидејќи „МЛАДИТЕ СЕ НАШАТА НАЈГОЛЕМА РАДОСТ“!

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.