digitalschool.mk во нашето училиште


Во рамките на проектот „Подобрување на професионалните компетенции на наставниците и постигањата на учениците во стручните училишта преку воведување на нов концепт на дигитално учење и поучување (концепт е-училиште)“, 39 наставници од нашето училиште три дена беа обучувани за користење на дигитални техники во наставата.

Проектот претходно започна во март оваа година кога од страна на мастер обучувачите Влатко Бутлески и Гоце Неделкоски, 15 наставници и стручни соработници од 3 пилот училишта беа обучени да извршат дисеминација во своите училишта. Покрај нашето училиште, во проектот се вклучени СОУ Ристе Ристески Ричко од Прилеп и СОУ Наум Наумовски Борче од Крушево.

Обучувачи дисеминатори од СОУ Ѓорче Петров се професорите Валентина Темелкоска, Даниела Зојческа, Наташа Ванчева и Сашо Кочоски, како и педагогот Снежана Милошеска.

Наставниците се запознаа со можностите на Moodle платформата за  онлајн учење, научија како да креираат видео лекции и како да ги објавуваат на web и уште неколку дигитални техники. Наученото треба да го применат во наставата со почетокот на следната учебна година и да ја користат платформата digitalschool.mk

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.