Во периодот меѓу 31.05. и 03.06.2016г. во Сењец, Словачка се одржа Завршната академија
на меѓународниот проект АЦЕС, со којашто се заокружи овогодишниот циклус на тема
„Солидарност“.
На манифестацијата присуствуваа по еден наставник и по еден ученик од секој награден
проект, како и претставници од партнерите на АЦЕС Фондацијата: Надација, ЕРСТЕ и
Интеркултурален центар, како и претставници од Министерствата за образование од
земјите учесници.
Учениците ги претставија своите проекти и активностите што ги реализираа во текот на
изминатиот период. Претставници од нашето училиште беа: професорката по англиски
јазик и координатор на проектот – Елизабета Милошеска и ученичката од четврта година
Ангела Соколоска.
Овојпат на Свечената академија за СОУ „Ѓорче Петров“ беше доделена златна плакета.