Екипата во одбојка во женска конкуренција се придружи на машките кои исто така се општински шампиони и заслужено го освои првото место.
Финалето на општинскиот натпревар за средни училишта во одбојка беше многу возбудливо и полно со емоции. Од почеток до крај, беше јасно дека оваа победа не ќе биде лесна, но трудот и упорност на крајот беа наградени. Секој поединец од тимот донесе силен придонес, а синергијата во екипата беше клучна за успехот. Тренинзите, напорите и стратегијата што ја изградивме, се преточија во одлична игра на теренот. Не само што сте покажавме вештини, туку и вистинска тимска работа и концентрација под притисок. Способност да се остане фокусиран и борбата до последниот поен беше пресудна.
Оваа победа е многу повеќе од само трофеј – тоа е резултат на многу часови на подготовка и верување во сите играчи како тим.
Да уживаме во моментите на успех, насочено со мислите кон државното натпреварување на кое заслужено се пласиравме.