Во периодот од 8-12.05.2023 г. нашето училиште СОУ,,Ѓорче Петров” беше домаќин на партнерските училишта од Белгија и Италија. Наставниците и учениците низ работилници, дискусии, посети на културно-историски објекти во Прилеп и Охрид реализираа активности од еразмус проектот “Hard skills make you qualified for a job. Soft skills help you write a resume and to interview to get a job and keep the job” (Jay Wren), и открија дел од убавините на Македонија.
Координатор на проектот е професорката Билјана Тошеска.