Непосредно пред големиот празник на Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, се организира Отворен ден во просториите на Средното општинско училиште ,,Ѓорче Петров” во Прилеп, каде беа сместени промотивните штандови. Сите посетители имаа можност, непосредно, во разговор со наставниот кадар и со учениците да се запознаат со дејноста, како и со нашата долга традиција, мисија и визија. Денот беше наменет за учениците од основните училишта од општина Прилеп, но претставуваше и убава можност за сите што сакаа да дознаат нешто повеќе за програмите и струките во нашето училиште.На настанот имаше масовно присуство на деветтооделенците од нашата општина и нивните наставници. Исто така, беа присутни и претставници од компаниите со кои соработуваме.