ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВЕШТИНИ (UPGRADING PROFESSIONAL SKILLS)


Во согласност со предвидените активности кои се дел од проектот “Upgrading Professional Skills” финансиран од страна на Програмата Ерезмус+ на Европската Унија, Директорката на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп го објавува овој Повик за поднесување апликации за учество на заинтересирани ученици во мобилност во Романија. Учениците кои можат да аплицираат треба да бидат најмалку втора година од Текстилно-кожарска струка . Во рамки на овој повик можат да аплицираат и лица кои тукушто дипломирале (завршиле четврта година во текот на учебната 2020/21г).
Исто така учениците кои ќе бидат заинтересирани за учество во овај повик треба да бидат вакцинирани,како и професорот кои ќе биди придружно лица со учениците.
Избраните ученици ќе имаат мобилност за практична работа со вкупно времетраење од 21 ден во Романија,Сату Маре.

Заинтересираните лица треба да го пополнат online формуларот кој е достапен на Интернет како и на Facebook страните на училиштето. Рокот за пополнување на овој формулар е 31.12.2021 год. На крајот од процесот на селекција ќе бидат избрани 7учесници од Текстилно-кожарска струка а критериумите за избор ќе бидат следниве:
Соодветна мотивација (35 бода)
Успех од оценки (20 бода)
Училишни и други награди (10 бода)
Економско/социјални приоритети (15 бода)
Лична презентација за време на интервју (20 бода)

Конкретни датуми за праксата во Романија ќе бидат дефинирани дополнително, во согласност со можностите за патување.

За дополнителни информации можете да се обратите кај проектниот координатор Проф. Билјана Тошеска на roskoskabiba@gmail.com.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfUWjKaY_nzt1cPI4K6npEYOdeA47Rvbw25CC-5DKEygcaCeQ/viewform?usp=sf_link


Петра Лукарoска
Директорка
СОУ Ѓорче Петров
Прилеп

20 .12.2021

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.