Кога ќе се спојат креативноста и грижата за зачувување на животната средина преку намалување, реупотребување и рециклирање на отпадот се добиваат резултати какви што можевме да видиме на модната ревија која се организираше во нашето училиште. Нашите ученици, меѓу кои и учениците конфекционери и оваа година ја покажаа својата фантазија и од килограми отпадна хартија, пластика, најлон, метал, текстил, отпадна амбалажа … изработија креации со кои ги воодушевија присутните наставници, родители, соученици.
Со настанот Trash fashion се јакнат еко свеста, претприемачките и социјалните вештини на нашите ученици, се поттикнуваат креативноста и дизајнерските способности. Овој тип на настани го подобруваат имиџот на нашето училиште и на стручното образование на локално, но и на државно ниво, со учество на најдобро изработените модели на државната манифестација Trash fashion, која се одржува во Скопје по повод Денот на планетата Земја.