Комфи Ангел кај нас


По иницијатива на Министерството за Образование и Наука во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, на 18ти Ноември беше организирана интерактивна дискусија на тема „предизвик на бизнисот“ помеѓу Ирена Јакимовска управител на Д.О.О Комфи Ангел и учениците од нашето училиште предводени од директорот Дејан Димоски и нивните професори.

Еве ја изјавата на Ирена Јакимовска по завршувањето на посетата и дискусијата:
„Уживав во заедничките дискусии преку кои што дојдовме до еден заеднички заклучок, дека нашата иднина е тука во Р. Македонија од причини што тука е најубаво да се смееш и караш на сопствениот мајчин јазик.
Затоа Комфи Ангел во континуитет ќе се надоградува како институција, се со цел да биде светла иднина за овие млади луѓе и да им помогне да си го најдат своето право место во автобусот наречен Комфи Ангел“.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.