Конфекциските техничари во „Тритекс“


Соработката меѓу училиштето и стопанскиот сектор е континуиран процес кој се спроведува во СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ од Прилеп. 
Сакајќи реалната работа да им стане поблиска на учениците, а теоретското знаење стварост, денес, професорите по стручни предмети од текстилно-кожарската струка заедно со сите ученици од профилот конфекциски техничар остварија посета на текстилната фирма „Тритекс трејд“. Производите од оваа компанија, најчесто изработени од чист памук се со висок квалитет и препознатливи кај нас и на поширокиот европски пазар. 
Учениците го проследија работниот тек почнувајќи од кроење, па до завршна контрола, низ кој што ги водеа љубезните домаќини. Непроценливост е следењето на работата на многуте модерни машини во пракса. 
Благодарност до сите кои што ја овозможија оваа посета.

     

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.