КОНКУРС ЗА ЦРТЕЖ


СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ и Активот по текстилство објавуваат:

  КОНКУРС

                                          за изработка на цртеж на тема:

                                 ,,Современа облека со етно елементи‘‘

     Во чест на  нашата прерано почината ученичка Јелена Крстиќ, втора година по ред објавуваме Конкурс – натпревар на креативноста преку кој се  промовира  модниот дизајн, талентот, фантазијата и вештините на учениците од СОУ,,Ѓорче Петров‘‘.

   Овогодинешната тема има  за цел да ги спои модерното  со традиционалното.

        Учесниците   треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да се редовни ученици во прва, втора, трета или четврта година од сите образовни  профили во СОУ,,Ѓорче Петров‘‘;
  • Да покажуваат афинитет кон различни видови на ликовни техники

  Цртежите на дадената тема да бидат  изработени со примена на некоја од следните техники:

  • Молив
  • Акварел
  • Темперни бои
  • Водени бои
  • Колаж

   На задната страна од цртежот треба да бидат внесени следните податоци:

– име и презиме на авторот

– паралелка

– вид на применета техника 

Напомена: Еден ученик може да учествува само со еден изработен цртеж

      Конкурсот ќе биде отворен во периодот од 15.11-15.12.2019 г.

    Учениците- учесници  своите цртежи ќе може да ги доставуваат  кај професорите по стручни текстилни предмети: Здравка Најдоска, Наташа Мирческа, Јулијана Поповска и кај професорката по Ликовна уметност, Марта Кузмановиќ.

        Авторите на најдобрите 3 (три) изработени цртежи ќе бидат наградени со симболични награди

Прилеп, 15.11.2019 г.                                                       Директор:

                                                                                         Страшо Ѓорѓиески             

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.