,,Threads of tradition that connect us” е проект кој за нашето училиште е одобрен во учебната 2019/2020 година од страна на програмата RYCO. Во него покрај нашето, вклучени се училишта од Нови Пазар -Србија и од Корча-Албанија. Актуелната состојба на пандемијата со КОВИД 19 го помести и измени текот на активностите и начинот на нивно изведување,па проектот ќе се реализира во периодот што следи, преку онлајн активности.
Една од целите на проектот е зближување на младите луѓе преку облеката/ народната носија карактеристична за секој од националните ентитети кои живеат на териториите на трите држави. Крајна активност од проектот е виртуелна модна ревија од модели со обележја на различните култури и традиции. Ве поттикнуваме да го погледнете го Огласот и ако сте заинтересирани, потполнете ја електронската Пријава за учество (до 26.10.2020 г.)