Почитувани,
Чест ни е да ве поканиме на Литературниот конкурс, распишан од Младинската заедница на нашето училиште, по повод 11 Февруари, во светот познат како Меѓународен ден посветен на сите жени и девојки во науката. Со цел да ги прославиме сите нивни имиња и да оддадеме мала почит, ве покануваме да ги охрабрите вашите ученици да се приклучат кон конкурсот. Право на учество имаат сите средношколци од град Прилеп, кои покажуваат интерес во полето на поезијата или прозата, без разлика на полот или возраста. Темата на пишување не е ограничена, за да се даде целосна слобода на мислите и изразувањето на учениците. Конкурсот е отворен до 28.02.2022. Вашите дела може да ги испраќате на barbaramiceskaa@gmail.com. – Ученик – правобранител на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп. Го очекуваме вашето учество!