Конкурси за стипендии


Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување на стипендии за ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2023/24 година.

Конкурси за доделување на ученички стипендии за учебната 2023-2024 година

Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 100 (сто) стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици/чки – спортисти/ки од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2023/2024 година и последното свидетелство.

Документите се доставуваат исклучително по електронски пат со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk

За било каква информација, прашање или помош при електронското прикачување на документите обратете се кај професорките Ангела Кочоска и Марија Јованоска.