ИЗБРАН УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ НА СОУ „ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ ПРИЛЕП


На ден 28.9.2023г. во просториите на училишната библиотека беше одржано редовно годишно собрание за избор на претставници на годините кои воедно се и членови на Ученичкиот парламент за учебната 2023/24г., во состав:Прва година:претседател: Марија Јовеска од 1-2кл.заменик: Барбара Велкоска од 1-1кл. Втора година:претседател: Исидора Николоска од 2-1кл .заменик: Андреј Јосифоски од 2-7кл. Трета година:претседател: Михаил Јорданоски од 3-1кл. заменик: Анисија Варошлија 3-2кл. Четврта година:претседател: Ангела Талимџиоска од 4-2кл. заменик: Анес Црновршанин од 4-7кл. Претседател на Ученичкиот парламент и оваа година е Едис Еминоски од 4-1кл. А заменик – Исидора Николоска од 2-1кл.Во состав на Ученичкиот парламент влегува и Ученикот – правобранител, но без право на глас. Истиот, допрва треба да се избере, по истекот на рокот за аплицирање. На избраните членови им посакуваме успешна и плодна работа за поквалитетен живот на учениците во нашето училиште!