Повик за апликации за еразмус+ проект


Во согласност со предвидените активности кои се дел од проектот Erasmus+ A.P. 2022, финансиран од страна на Програмата Ерезмус+ на Европската Унија, Директорот на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп го објавува овој Повик за поднесување апликации за учество на заинтересирани ученици за мобилност во Р. Турција. Можат да аплицираат ученици од трета или четврта година од здравствената струка, профил медицинска сестра.

Избраните ученици ќе реализираат повеќедневна практична настава и размена во Р. Турција во врвната мулти-специјалистичка болница BHT CLINIC Istanbul Tema во Истанбул, која е водечки центар за роботика и вештачка интелигенција во областа на медицината, во периодот од 20.11.2023 до 05.12.2023

Заинтересираните ученици треба да го пополнат формуларот за апликација, кој е достапен на Интернет како и на Facebook страната на училиштето, и да го испратат на следнава e-mail адреса: nedatrajkoska@yahoo.com најдоцна до 05.10.2023 год.

Сите кандидати ќе бидат повикани на интервју, на датум кој ќе биде објавен дополнително.

На крајот од процесот на селекција ќе бидат избрани 9 ученици од здравствената струка, профил медицинска сестра.

Критериумите за избор ќе бидат следниве:
– Соодветна мотивација (Зошто јас да го претставувам училиштето во овој проект?) (35 бода)
– Успех и оценки во текот на претходните две односни три години (20 бода)
– Училишни и други награди (10 бода)
– Економско/социјални приоритети (15 бода)
– Лична презентација за време на интервјуто (20 бода)

Во придружба на учениците во Истанбул ќе бидат 2 професори.

За дополнителни информации можете да се обратите кај проектниот координатор проф. Неда Ченто на nedatrajkoska@yahoo.com.

Датум: 30.09.2023
Директор: Жанета Видевска