Од учење во училницата до грижа за заедницата


Oд 28-30.09.2023 во хотел Дрим-Струга  5 ученици и 1 професор од нашето училиште беа дел од обуката за проектот „Од учење во училницата до грижа за заедницата“. Проектот ќе биде имплементиран во следните 3 месеци. Проектот You(th) are All Right! е поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (МГО), програма за директна поддршка на граѓанските организации започната во рамките на проектот финансиран од ЕУ: Tехничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија.