Драмската секција „Слободно театарче“ на МТФ „Војдан Чернодрински“


Четворица членови на Драмската секција, координаторот и менторот беа дел од долгорочната едукативна програма одобрена од МОН и БРО за Работилници по театарска уметност, под покровителство на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп и Здружението за театарска едукација и продукција „Театар за сите“ Скопје. Во Работилниците освен нас учествуваа и тимови од: СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп и двете основни училишта – ООУ„Св. Климент Охридски“ и ООУ„Кочо Рацин“ од Прилеп.

Програмата започна на 19.11.2022г. и траеше заклучно со 16.6.2023г.

Се одвиваше низ осум модули:

Модул 1: Основи на актерска игра (времетраење од 360 мин.);

Модул 2: Основи на драмско пишување и драматургија;

Модул 3: Основи по театарска режија;

Модул 4: Сценографија;

Модул 5: Костимографија;

Модул 6: Театарските професии, гледачот и театарската критика;

Модул 7: Подготовка за завршни изведби;

Модул 8: Завршни изведби пред публика.

Модулите за водени од м-р Милош М. Андоновски, дипломиран театарски режисер на ФДУ Скопје, магистер по театарска уметност на Универзитетот во Кент, Англија и професионален обучувач на возрасни.

Еднаш месечно се изведуваше обуката за модулите, а континуирано, еднаш седмично се одржуваа работилници на кои едукацијата ја водеа професионалните актерки, дипломирани на ФДУ Скопје: Даниела Иваноска и Марија Спиркоска Илиеска.

Целиот проект беше под покровителство на д-р Ана Стојаноска, директор на МТФ и професор на ФДУ Скопје.

На 14.6.2023г. под менторство на актерката Даниела Иваноска и менторот на секцијата Билјана Тинтоска ја изведовме драмата „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле. Изведбата беше креирана и изведена од учениците: Вања Младеновски, Теодора Велкоска, Бојана Најдоска, Исидора Николоска, асистентот на наставникот Филип Стојаноски.

Беше особена чест да се учествува во еден ваков одговорен зафат, кој од нас бараше посветеност, дисциплинираност, прецизност. Со заеднички сили со сите учесници и со поддршка на нашите ментори, а најмногу со огромната љубов кон она што го работевм,е и учениците и ние наставниците имаме тројна придобивка: длабоко влегување во тајните и суштината на драмската уметност, љубовта кон театарот и вештини за поквалитетен живот.

Особена благодарност упатуваме кон нашата директорка Жанета Видевска и нашите професори, за поддршката и масовното присуство на настанот.

Автор на текстот: проф. Билјана Тинтоска – ментор на секцијата

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.