Со задоволство објавуваме дека нашето училиште има нов Еразмус+ проект!
Овој проект претставува возбудлива можност за нашите ученици и за наставниците да стекнат драгоцено меѓународно искуство и да ги подобрат своите професионални вештини.
Проектот вклучува две мобилности: една за ученици кои ќе имаат меѓународна пракса во странство и друга за наставници кои ќе учествуваат во мобилност за обука на работно место во друга земја. Овие искуства значително ќе придонесат за личниот и професионалниот раст на нашата училишна заедница.
Во моментов се финализираат деталите во врска со местата, датумите на мобилност и процедурите за аплицирање, но Ве уверуваме дека избраните локации ќе обезбедат стимулирачки средини за учење и културна размена. Учениците ќе имаат шанса да се поминат време во различна земја и околина, додека наставниците ќе ги набљудуваат најдобрите практики и ќе добијат увид и нови идеи за работа во нивните области.
КоординаторПроф. Билјана Тошеска