Конкурс „Мајчин јазик – јазикот на творење, изразување, чувствување“


Младинскиот Информативен Центар „ИНФО СЕГА“ од Прилеп во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“, по повод 21ви февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, објавува конкурс за литературни дела на слободна тема на кој можете да учествувате со вашиот есеј, расказ, драма, поема и било кој вид на литературна творба.

 

Право на учество имаат сите ученици од СОУ„Ѓорче Петров“  да учествуваат и да ги испратат своите дела во електронска форма најдоцна до 21.02.2017 година, на следната е-маил адреса: infosega@infosega.org.mk.

Најдобрите три творби ќе бидат објавени на веб страната на ИНФО СЕГА, и истите ќе бидат наградени на манифестацијата која ќе се одржи на 26.02.2017 година, во библиотеката на СОУ Ѓорче Петров. На настанот ќе присуствуваат и тројца ЕВС волонтери од ИНФО СЕГА кои ќе читаат познати дела од писатели во нивните земји.

Исто така ги покануваме младите писатели од СОУ Ѓорче Петров, да го искористат овој настан за промоција на своите дела.

Сите литературни дела кои ќе учествуваат на конкурсот ќе бидат објавени во електронска збирка на веб страната на ИНФО СЕГА.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>