Примопредавање на имплементиран проект со Германска амбасада


   На 21.06.2017 г-ѓа д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, г-дин Дејан Димоски, директор на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп и господин Валентин Црвенкоски, претседател на Здружението на граѓани „Јасна иднина“ од Небрегово-Долнени, потпишаа договор за донација со вкупна вредност од 3.894,- евра.
  Ова средно училиште образува кадри од повеќе струки и профили: здравствена, текстилно кожарска, шумарско-дрвопреработувачка, козметичка и геолошко-рударска струка, а во него учат 840 ученици.
  Управата на училиштето се залага за што е можно поквалитетна практична настава, а Германската амбасада со овој проект го финансираше опремувањето на кабинет по биологија.
  На 24.01.2018 година амбасадорот Томас Герберих и соработничката од економскиот оддел Марина Серафимовска официјално го примопредадоа имплементираниот проект. Градоначалникот Илија Јованоски и новиот директор на училиштето,  Страшо Ѓорѓиески се заблагодарија за донацијата.
   Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.