По повод 8-ми Maрт, денот на жената, Младионската организација на СОУ„Ѓорче Петров“ – Прилеп во соработка со рецитаторската секција на училиштето организира натпревар за најдобар рецитатор на ниво на средни училишта на 10. 3. 2017 год (петок), со почеток во 17:30 часот. По тој повод ги покануваме учениците од средните училишта во Прилеп со своето присуство да ја збогатат оваа вечер.
Натпреварот ќе се одржи во библиотеката на училиштето. Темата е „Стихови за жената, љубовта, пролетта, младоста, убавината“. Бројот на натпреварувачи е ограничен на најмногу четири ученици од едно училиште.
1.3.2017
Прилеп