СОУ „Ѓорче Петров“ и Активот по текстилство во соработка со професорката
по Ликовна уметност Марта Кузмановиќ објавуваат:
КРЕАТИВЕН КОНКУРС
„Јелена Крстиќ“
на тема:
„Ултра модерна облека и акцесоари со етно елементи“
Во чест на нашата прерано почината ученичка Јелена Крстиќ објавуваме Конкурс со кој се промовира модата, модниот дизајн, креативноста, талентот, креативноста и вештините на учениците од СОУ„Ѓорче Петров“ од Прилеп.
Во своите изработки учениците треба да нацртаат, дизајнираат и изработат ликовни творби и акцесоари. Како мотив за изработка на акцесоарите да се користат етно елементи од богатото народно творештво.
Критериуми за учество:
- Да се редовни ученици во прва, втора, трета или четврта година од сите образовни профили во СОУ „Ѓорче Петров“;
- Да покажуваат афинитет кон дизајн и работа со различни видови на материјали и ликовни техники
Учениците – учесници треба да изработат и достават:
- Цртеж во молив
- Цртеж во боја со примена на техника по желба
- Акцесоар во склад со темата изработен од стандарден и/или рециклирачки материјал
- Фотографија од изворот на идејата за изработка на акцесоарот
Во творбите треба да бидат внесени следните податоци:
– име и презиме на авторот
– паралелка
Конкурсот ќе биде отворен во периодот од 5.11 до 15.12.2022 г.
За информации и совети секој ученик може да се обрати кај професорката по Ликовна уметност, Марта Кузмановиќ и професорките по стручни текстилни предмети.
Фотографии од изработките да се испраќаат на маил адресата: konkurscrtez@gmail.comи да се достават до одговорните професори во предвидениот рок.
Авторите на најдобрите 3 (три) изработени творби ќе бидат наградени со симболични награди.