На 9 мај 2018г.,пред преполната сала во Киното МисСтон, глумците матуранти од Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“Прилеп се збогуваа од верната публика со претставата ,,Наша луда клиника”.
Сценариото на комичната претстава е на: Филип Стојаноски и Хари Тасески.
Упатуваме голема благодарност до ДК „Марко Цепенков“ за отстапениот простор и до нашите верни обожаватели – професори, ученици и родители.
Гостинка на вечерта беше нашата надежна виолинистка, Благица Блажеска, а учествуваше и нашата мала, ама талентирана глумица Бисера Гаралоска.
Голема среќа е да се работи со посветени деца.
Автор на текстот: Проф. Билјана Тинтоска – ментор на Драмската секција
Видео: https://files.fm/u/nrc5natq