Центар за медијација


На 29 септември во СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, беше одржана централната манифестација со која се одбележа реализацијата на проектот Безбедни училишта за сите средни училишта од град Прилеп, финансирана од ОБСЕ. На манифестацијата беа присутни: претставникот од Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и координатор и обучувач на проектот за Безбедни училишта и Врсничка Медијација, директорите на средните училишта од Прилеп, претседателот на Советот на родители на нашето училиште, професори и ученици.

medijacija1

Претставникот на Мисијата на ОБСЕ во РМ истакна дека главната цел на проектот е да се подобри безбедноста на учениците во училиштата, да се намали степенот на насилно и асоцијално однесување на младите, преку подигање на свеста за намалување на насилството и вклучување во градење на безбедноста на сите ученици, нивните родители и образовниот персонал. Исто така, ја потенцираше и приликата за доискористување на грантот во наредниов период за секаков канцелариски материјал како и плазма телевизор и се што е потребно.

medijacija5Директорот на СОУ„Ѓорче Петров“, г-н Дејан Димоски, истакна дека од имплементацијата на овој значаен проект има многу придобивки, меѓу кои ги истакна: намалувањето на степенот на насилството во училиштата; зголемувањето на толеранција и меѓуетничка комуникација; информираноста за препознавање на формите и причините за насилно и асоцијално однесување и отстранување на истите и подигање на свеста на наставниот кадар за поголемо внимание кон личноста на детето и евентуалните промени – симптоми; зголемување на довербата на младите во локалната самоуправа, полицијата и другите државни институции и запознавање на нивната работа;јакнење на свеста на учениците, родителите, наставниците за потребата од учество во создавањето на услови за безбедна средина и активно вклучување на сите во градење на безбедноста во училиштата особено учество во креирање на мерки и активности во училиштата и на проблематичните ученици. medijacija4
За таа цел, беше отворена за употреба и просторијата на Клубот за медијација во нашето училиште, опремен со средства од ОБСЕ, но креативно осмислен и од училишниот тим за овој проект, како и од техничкиот персонал на училиштето.
Посебно внимание привлекоа камерите за видео надзор, коишто се поставија на “критичните ” места во училишниот двор за поголема безбедност во иднина како на учениците така и на наставниот кадар. За илустрација на значењето на нивната функција во училиштето, Драмската секција на нашето училиште, под менторство на проф. Билјана Тинтоска, подготви драмска претстава, по сценарио на Филип Стојаноски, со која и ја направи оваа манифестација симпатична и креативна.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.